• четврток, 26 декември 2024

Милановиќ: Протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија не придонесува до засилување и зачувување на нивото на односите

Милановиќ: Протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија не придонесува до засилување и зачувување на нивото на односите

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) – Протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија не е продуктивна мерка и не придонесува за засилување и зачувување на нивото на односите, вели претседателот на Хрватска, Зоран Миловановиќ.

Прашан за протерувањето на хрватскиот дипломат и дали навистина шпионирал или има врска со изборите во Србија, Милановиќ рече дека му е многу жал за тоа, но дека ќе мора да се прашаат властите во Србија.

– Мене ми е многу жал за тоа, но Хрватска можеше да реагира само со иста реципрочна мерка, кон српскиот дипломат во Загреб. Што правел хрватскиот дипломат? Претпоставува како и сите хрватски дипломати, ја работел својата работа. Ова не е продуктивна мерка, не придонесува до засилување и зачувување на нивото на односи, кое што и не е на така високо ниво, а би можеле да бидат на повисоко, изјави Милановиќ, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

Во тој контекст, Милановиќ, посочи дека бил многу воздржан во однос на потребната реакција кон Белград и воведување на санкции по инцидентот на северот на Косово пред месец и повеќе.

-  Бидејќи светав, и сметам дека санкциите како инструмент на надворешната политика се промашени, но тоа не го правев за да ја аболирам Хрватса од било каква одговорост за некое недозволено однесување. Тоа го направив од лично убедување, без да очекувам никаква противуслуга. Но, се согласувам со вас дека во Србија се постојано избори... Добро е додека се избори, рече Милановиќ. аа/са/

Фото: Влада

Остани поврзан