• вторник, 17 декември 2024

Милановиќ на Фејсбук: Се додека сум претседател хрватски војник нема да води туѓи војни

Милановиќ на Фејсбук: Се додека сум претседател хрватски војник нема да води туѓи војни

Загреб, 13 декември 2024 (МИА) - Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска на Фејсбук објави дека хрватските војници нема да водат туѓи војни.

„Хрватските војници нема да водат туѓи војни. Додека сме сведоци на глобални промени и конфликти кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир и поредок, дискусиите за можното заминување на војници од одделни членки на НАТО во Украина почнуваат повторно. Додека сум претседател на Републиката, Хрватска ќе ја чувам од вакви конфликти“, напиша Милановиќ.

„Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за својот интерес, постојано ќе го доведува во прашање тоа што се случува околу нас, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпишала сојуз“, напиша хрватскиот претседател и кандидат за нов мандат, Зоран Милановиќ во статусот на Фејсбук .сд/

фото:ФБ Милановиќ

Остани поврзан