• среда, 25 декември 2024

Микис Теодоракис погребан на островот Крит

Микис Теодоракис погребан на островот Крит
Атина, 9 септември 2021 (МИА) – Под звуците од неговата музика, со аплаузи од присутните и во присуство на државниот врв, познатиот грчки композитор денеска во градот Ханија на островот Кртит, беше испратен во неговиот вечен дом, јави дописничката на МИА од Атина. Местото на погребот го избрал самиот Теодоракис, а неговата желба се исполни со судска одлука, откако претходно семејството најави дека погребот ќе биде во близина на Коринт. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „денеска, онака како што заслужува, се збогуваме со последниот голем Грк од 20 век“. На погребот присуствуваше и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за култура Маја Гојковиќ како претставник на српскиот претседател Теодоракис во четвртокот почина на 96-годишна возраст, а во изминатите три дена, пред да биде пренесен на Крит, телото беше изложено во црква во Атина и на грчкиот композитор, почит му изразија илјадници граѓани.ср/ссм/

Остани поврзан