• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Флеш

19 март 2025 

Скопје - Основниот суд во Кочани досега донел решенија за продолжување на краткотрајниот притвор од 48 часа за десет лица во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, додека за останатите шест се уште се одлучува. 

Според информациите на МИА, за продолжување на притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се уште не е донесена одлука. 

ЈОРСМ информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.  

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.

- Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување на вознемиреноста. Во оваа насока се и барањата од жителите од Кочани кои вчера се обратија директно до Агенцијата, како и преку социјалните мрежи, со апел медиумските работници да се држат понастрана за време на погребите и да не снимаат со дронови. Медиумите да внимаваат при правењето и особено при објавувањето снимки и фотографии, со цел да им дозволат на семејствата и родителите достоинствено и со почит да се збогуваат со своите ближни, соопшти денеска АВМУ.

Скопје - Градот Перт во Австралија, каде што живее бројна македонска заедница, изрази сочувство за сите загинати и повредени во трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

По тој повод, Домот на Советот во центарот на градот вечерва по локално време покриен со црвено-жолти македонски бои за да се изрази почит, тага и поддршка за сите жртви, нивните семејства и сите граѓани кои тагуваат поради оваа трагедија. 

Скопје - Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Одговарајќи на прашањето на бранителот на Кешишев, Манев потврди дека на 23 ноември 2023 година, патот до хотелот „Романтик“ бил преку Башино Село, продолжувајќи кон Катланово и Скопје, а потоа се исклучиле кон селото Рудник. Тој, исто така објасни дека тегот, кој бил спуштен во земуницата, сè уште се наоѓа таму.

Белград - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска им се заблагодари на Србија и на српскиот народ за сета помош и емпатија дадена по трагедијата во Кочани, јави МИА од Белград.

Муцунски и се заблагодари на Србија што сместила голем број пациенти во здравствени установи и е меѓу првите што им помогнала.

Белград - Рокот за формирање нова влада во Србија почнува утре, 20 март, и  според законот, новата влада треба да се формира до 18 април на полноќ. Доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.

Загреб - Започна еднодневен штрајк на училиштата низ Хрватска во организација на Училишниот синдикат „Препород“, Самостојниот синдикат на средношколците на Хрватска (НСЗСШХ) и Самостојниот синдикат на науката и високото образование.

Тие изнесоа пет барања, три за подобрување на нивната материјална состојба и две за нематеријални барања.

Анкара - Лидерот на Партијата за националистичка акција и главен политички сојузник на претседателот Ердоган, Девлет Бахчели, изјави дека судскиот систем во Турција е објективен и независен, коментирајќи го притворот на градоначалникот на Истанбул и други функционери на опозициската Републиканска народна партија, пишува весникот „Турција“.

„Турција е земја во која владее правото. Означувањето законска мерка како 'пуч' и подготовката за протести против оваа мерка е еднакво на политичка корупција која ги надмина разумните и морални нивоа. Никој не е недопирлив“, рече Бахчели, опишувајќи го турскиот судски систем како објективен, независен и непристрасен.

Рим - Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска му се заблагодари на папата Франциск за неговите 12 години служба како поглавар на Римокатоличката црква.

Матарела му испрати порака на Папата, кој беше инаугуриран на 19 март 2013 година, а моментално се лекува во римската болница Гемели од пневмонија, посакувајќи му брзо закрепнување.

Букурешт - Илјадници луѓе протестираа пред унгарскиот парламент во Будимпешта, по усвојувањето на контроверзен закон со кој се забранува одржување на настани поврзани со геј парадата.

Незадоволните граѓани скандираа пароли против владата, а дел од нив го блокираа сообраќајот на еден од мостовите над Дунав, и покрај предупредувањата на полицијата да ја напуштат областа.

Берлин - Обновувањето на борбите во војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас ги загрозува напорите на арапските земји да постигнат мир, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Обновувањето на борбените дејствија е закана за позитивните напори на арапските земји, кои заедно бараат начини за постигнување мир во Газа, ослободена од Хамас“, рече Бербок, повикувајќи ги страните во конфликтот на поголема воздржаност.

Брисел - Бугарија би можела да загуби 2,5 милијарди евра во форма на грантови од Социјалниот климатски фонд на ЕУ, затоа што доцни со подготовката на својот Национален план за социјална клима, предупредуваат еколошки невладини организации. 

- Постои загриженост дека Бугарија нема да може навреме да го поднесе својот План за социјална клима до Европската комисија, што би значело губење на предвидените пари, се наведува во заедничката реакција на еколошките организации, меѓу кои и Светскиот фонд за природата (ВВФ), За Земјата и Хабитат Бугарија. 

Брисел - Шест балтички и скандинавски земји побараа Европската Унија да подготви јасна патна карта за брзо интегрирање на Украина во блокот, изразувајќи загриженост дека Унгарија се обидува да го попречи процесот, пренесе Укринформ.

Како што објави списанието Политико, повикувајќи се на писмо потпишано од високи дипломати од Шведска, Финска, Данска, Летонија, Литванија и Естонија, овие земји го реафирмирале „полноправниот и недвосмислен ангажман кон членството на Украина во ЕУ“.

Женева - Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ИОМ) соопшти дека ги намалува или прекинува проектите ширум светот и отпушта вработени по „огромното“ намалување на финансирањето од САД за 30 отсто.

Повеќе од 40 отсто од буџетот од 3,4 милијарди долари во 2023 година ИОМ доби од американската Влада.

Хелсинки - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Хелсинки изјави дека планира да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во текот на денот.

Зеленски по разговорите со финскиот претседател Александар Стуб рече дека очекува од Трамп да слушне детали од неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин во вторникот, објави финскиот јавен сервис Иле.

Киев - Русија ноќеска истрела шест ракети и 145 борбени дронови врз Украина, објави украинската војска, еден ден по постигнувањето на договор меѓу Москва и Вашингтон за ограничено примирје.

Украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 72 дрона, додека 57 од нив „исчезнале“ без да нанесат штета, соопштија вооружените сили на Украина, наведувајќи дека ниту една ракета не била пресретната.

Тел Авив - Крајнодесничарскиот израелски политичар Итамар Бен-Гвир, кој поднесе оставка во јануари во знак на протест против примирјето со Хамас, се враќа во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Кабинетот едногласно ја одобри одлуката на Нетанјаху Бен-Гвир повторно да биде назначен за министер за внатрешна безбедност, се наведува во соопштението на премиерската канцеларија.

Газа - Израелската армија денеска упати нов повик до населението на Газа да се евакуира од „опасните борбени зони“ во северниот и јужниот дел на енклавата, еден ден по интензивните бомбардирања во кои Хамас соопшти дека загинале повеќе од 400 луѓе.

Оваа наредба за евакуација се однесува на областите Беит Ханун, Кирбет Куза, Абасан ал-Кабира и Абасан ал-Џадида.

Москва - Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск.

„Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот“, напиша Украинската државна железница на Телеграм.

Пекинг - Кина го поддржува решавањето на кризата во Украина преку дијалог и преговори и со задоволство ги набљудува напорите за постигнување прекин на огнот како неопходен чекор кон мирот, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.

Таа ја даде изјавата за време на редовната прес-конференција кога беше побарано од неа да го коментира вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Тагови

Остани поврзан