
19 март 2025
Скопје – Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани се транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се хоспитализирани нивните најблиски.
Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека овој број на членови од семејствата се менува и ќе се зголеми со оглед дека има нови транспорти на повредени за лекување во други земји.
-До пред еден час ја имам последната информација дека 119 лица се безбедно транспортирани и сместени од семејствата на хоспитализираните во странство. Се уште се праќаат пациенти и верувам дека има промена и на овој број и дека е зголемен. Со сите ќе стапиме во контакт, на сите ќе им биде обезбедено и транспорт, и сместување, кое ќе биде логистички најповолно за нив, во близина на самите болници каде што се сместени повредените. Се правиме што е во наша моќ да обезбедиме и барем малку да им ја олесниме состојбата на семејствата, онолку колку што можеме, рече Митева на прес-конференција.
Скопје - Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.
- Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.
Во пожарот што се случи во неделата рано сабајле загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Скопје - Во моментов на Клиниката за пластична хирургија во Скопје се прават плановите во која фаза колку пациенти треба да бидат опфатени со хируршка интервенција за реконструкција на изгореното ткиво од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информира денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Скопје - Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) будно ја следи состојбата по трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Многу пациенти со повреди од изгореници се префрлени во болниците низ земјите-членки на ЕУ и соседните земји за итна медицинска помош.
ЕЦДЦ го истакнува ризикот од инфекции кај пациенти со изгореници од пожарот во Северна Македонија предизвикани од бактерии отпорни на карбапенеми, група на антибиотици од последна линија.
Скопје - Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.
-Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.
Скопје – На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност.
Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за техничката контрола и на останатите десетина објекти кои поседуваат лиценца.
Новите сознанија од терен денеска на прес-конференција ги соопшти владината портпаролка Марија Митева.
Скопје - Состојбата на повредените пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани сместени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е стабилна однос на виталните параметри. Заедно со тимовите од специјализираните центри од странство се изведуваат операции за отстранување на изумреното ткиво оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат, информира директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојановски.
На денешната прес-конференција во Владата посочи дека утрово хируршки се третирани 15 пациенти, а се планира во текот на денов да се изврши таква интервенција кај уште тројца пациенти.
Скопје - Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во пракса, не постои.
Првиот официјален центар за изгореници во земјава е формиран во рамки на Воената болница во Скопје под раководство на полковник д-р. Крсте Митановски д-р.сци.мед. Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев".
Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во септември 2000 година во тогашна стара Градска општа болница, односно сегашна Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски" во Скопје. Во јули 2016 година, Центарот е ставен во функција и во него работеле специјалисти и субспецијалисти по пластична и реконструктивна хирургија.
Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денека соопшти дека донеле одлука за доделување на финансиска помош – донација во вкупен износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари за настраданите во пожарот во Кочани.
Донацијата, како што е наведено во соопштението, се издвојува од финансиските средства на Агенцијата за 2025 година, а ќе се спроведе преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност.
Скопје - Сојузот на средношколци апелира на разбирање и поддршка кон учениците бидејќи минуваат низ тежок емоционален период по трагедијата во Кочани. Ги повикува образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците и тие да не се соочуваат со санкции или дополнителен притисок во наставата.
Скопје - Членовите на бендот ДНК кои починаа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат погребани во текот на утрешниот ден. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.
Атина – Вчерашниот масовен протест во Скопје, трагедијата што ја живее Кочани, но и помошта од Грција, се во фокусот на грчките медиуми, кои со ненамален интензитет од првиот момент известуваат за пожарот што одзеде 59 животи, а паралелно, неретки се и позитивните коментарите за брзата реакција на властите, со оглед на тоа што пред две години Грција доживеа слична трагедија со 57 загинати, пред сè млади лица при судир на два воза кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Бања Лука - Функционирањето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) не е нарушено и агенцијата продолжува да работи согласно законските процедури и надлежности, соопшти денеска Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.
Оттаму додаваат дека Министерството за безбедност заедно со Советот на министри на БиХ интензивно работи на решавање на новосоздадената ситуација и избор на ново раководство на СИПА, откако вчера оставка поднесе претходниот директор на таа полициска агенција Дарко Ќулум.
Прага - Радио Слободна Европа поднесе тужба против Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), специјалниот советник на агенцијата Кери Лејк и привремениот извршен директор Виктор Моралес за да го спречи прекинот на нејзиниот федерален грант, се вели во соопштението на медиумот.
Во тужбата, поднесена во Окружниот суд на САД за округот Колумбија, се тврди дека намалувањето на финансирањето на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ), го прекршува федералниот закон и Уставот на САД, кој му дава на Конгресот контрола врз федералните трошоци.
Рим - Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.
„Тоа е првиот зрак на надеж кој оди во насока на тоа што беше договорено меѓу (администрацијата) на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.
Рим - Во Италија денеска се одржува штрајк на вработените во Железницата, кој ќе трае до 17 часот.
Се очекува штрајкот да влијае на регионалните и меѓуградските услуги со кои управува националниот железнички оператор „Трениталиа“, како и приватната железничка компанија Итало.
Атина - Пријател Екрем, со тебе сме, напиша на платформата Икс градоначалникот на Атина Харис Дукас, изразувајќи поддршка за градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и коментираше дека со загриженост ги следат случувањата и апсењата, јави дописничката на МИА од Атина.
Дукас посочи дека „ова е последната епизода од серијата обвиненија што се покренати против Имамоглу, од кои последното беше откажувањето на неговата универзитетска диплома, што го исклучи од трката за претседател на Турција“.
Брисел - Колку што инвестираме во одбраната толку и ја цениме, а во изминатите неколку децении, не водевме доволно смета за тоа, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод презентацијата на Белата книга за европска одбрана „Подготвеност 2030“.
- Мора да трошиме повеќе. Во исто време, бесценета е и додадената вредност од заедничката работа. Тоа ни дава конкурентна предност, која е незаменлива насекаде во светот, истакна Калас.
Анкара - Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на повеќе високи претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), оценувајќи го како „очигледна злоупотреба на судскиот систем“.
Според Синклер-Веб, овие апсења се дел од „моделот на политички мотивирани истраги“ со кои властите настојуваат да ја ослабат опозицијата. Таа побара итно ослободување на Имамоглу и останатите приведени во полициската операција во Истанбул.
Париз - Рускиот претседател Владимир Путин постави „услови кои не изгледаат реални“ за прекин на огнот во Украина, особено барањето за суспензија на западната воена помош за Киев, изјави портпаролката на француската влада Софи Прима, еден ден по разговорот на шефот на руската држава со неговиот американски колега Доналд Трамп, пренесоа француските медиуми.
„Владимир Путин постави услови кои не изгледаат реални, барем за Европејците и Украинците, особено суспензијата на сета помош на Западот за Украина“, рече таа по состанокот на француската влада. „Има уште долг пат“, нагласи таа.
Москва - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека датумот за новите руско-американски разговори ќе биде одреден во наредните денови.
Тој го изјави ова еден ден по телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Песков во својот дневен брифинг со новинарите рече дека се предвидени разговори денеска и утре, со цел да се утврдат „точните датуми на следните контакти и составот на руската и американската делегација“.
Москва - Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека се обидува да го саботира договорот што го постигнаа претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп за привремен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, откако таа во текот на ноќта намерно изврши напад врз складиште за нафта во регионот Краснодар, пренесоа светските агенции.
Руското министерство во соопштението наведува дека украинскиот напад бил извршен неколку часа по разговорот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, во кој тие се согласиле Русија и Украина привремено да прекинат да напаѓаат објекти на енергетската инфраструктура.
Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека обновените израелски напади врз Газа претставуваат драматичен чекор наназад и предупреди дека нема воено решение за палестинската територија.
- Неопходно е непријателствата веднаш да престанат и преговорите да продолжат со добра волја под американско покровителство, рече францускиот претседател на прес-конференција со јорданскиот крал Абдула Втори, со кого се сретна во Елисејската палата.
Газа - Министерството за здравство на Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека во израелските напади во изминатите 48 часа загинале 970 луѓе.
Бројот на загинати од почетокот на војната во Појасот Газа, за кој министерството објави во понеделникот, изнесува 48.577, а во новиот извештај има 49.547 жртви.
Исламабад - Пакистанските власти во средата наредија повторно отворање на граничниот премин Торкам со Авганистан по неколку недели затворање поради судирите меѓу граничните сили.
Преминот Торкам, кој ја поврзува пакистанската Хајбер Пахтунхва со авганистанската провинција Нангархар, повторно е отворен за комерцијални возила. На пешаците ќе им биде дозволено да поминуваат во петок“, изјави претставник на граничната безбедност.