МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со претседателските кандидати, снимени во новото студио
- МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со кандидатите за претседателските избори 2024 година.
Скопје, 4 април 2024 (МИА) - МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со кандидатите за претседателските избори 2024 година.
Интервјуата се снимени во новоотвореното, трето студио на МИА, кое во иднина ќе биде поткаст студио за актуелни теми.
Во рамки на МИА интервјуата покана добија сите учесници во претседателката трка: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Цветковска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, кои имаат можност да ги претстават своите изборни програми.
Од денеска стартува изборната кампања за седмите претседателски избори, а МИА ќе ги претстави програмите на кандидатите врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.
За таа цел кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, можат да достават сублимирана содржина на нивната изборна програма по електронска пошта на е-адресата на МИА mia@mia.mk. Текстот треба да содржи најмногу 6.000 карактери. миа/