МИА Најави – свет
- Светски ден посветен на лицата со аутизам
2 Април 2024
Светски ден посветен на лицата со аутизам
Вилнус – Средба на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со претседателот на Литванија и со премиерите на Холандија, Шведска, Чешка и Бугарија.
Лисабон – Новата влада на Португалија стапува на должност.
Каиро – Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси го почнува својот трет мандат.
Хаг – Холандија, Украина и Европската комисија организираат конференција „Враќање на правдата за Украина“ на која министрите за надворешни работи и правда на земјите вклучени во помагањето на Украина ќе зборуваат за борбата против неказнивоста на Русија за нападот врз таа земја и за обештетување на жртвите.