• петок, 27 септември 2024

МИА Најави – свет

МИА Најави – свет

11 септември 2024

Белград – Претседателот на Израел, Исак Херцог во посета на Србија, а потоа ќе отпатува за Албанија.

Санкт Петербург – Почнува дводневната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Русија.

Барселона – Марш на поддржувачите на независноста на шпанската покраина Каталонија.

Њујорк – Седница на Советот за безбедност на ОН за продолжување на санкциите против Судан.

Багдад – Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во посета на Ирак.

Бејрут – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во посета на Либан.

Њујорк – Комеморација по повод 23-годишнината од терористичките напади на Њујорк и Вашингтон во 2001 година.

Сантијаго де Чиле – Одбележување на 51-годишнината од државниот удар во 1973 година на армискиот капетан, а потоа и генерал Аугусто Пиноче, чија диктатура траеше до 1990 година.

Сингапур – Папата Франциск во посета на Сингапур.

Остани поврзан