• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави – МКД
19 март 2020 Скопје - Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот во „Виртуелна посета“ на Република Северна Македонија, на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. (прес-конференција во хол на МНР/10:30, се охрабруваат снимателите заради препораките за превенција и заштита од коронавирусот видео материјалот од настанот да го преземат од стримот во живо на МНР, линк за следење во живо (македонски јазик), линк за следење во живо (германски јазик). Ако новинарот не е во можност да присуствува прашања може да испрати на pr@mfa.gov.mk најдоцна до 9:00) Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција на тема: Соработка со ЕУ, а во врска со справување со предизвиците и последиците од пандемијата на КОВИД 19. (Медиа центар на Влада/10:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши со министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски ќе одржат работен состанок со претставници од прехранбениот сектор за мерките што ги донесе Владата за поддршка на бизнисот за справување со последиците од вирусот Ковид 19. (во Министерство за економија, по состанокот изјави за медиумите пред влезот на Министерството/10:30)  Скопје - Прес-конференција на директорот на Институтот за јавно здравје, доц. д-р Шабан Мемети и директорот на Центар за јавно здравје д-р Армен Зибер, на која заедно со д-р Жарко Караџовски ќе информираат за улогата и мерките што двете институции ги превземаат во справувањето и превенцијата со КОВИД 19. (пред зградата на Институтот за јавно здравје/13:00)

Скопје - Фонд за иновации и технолошки развој ќе одржи онлајн прес-конференција со стриминг во живо на која ќе бидат презентирани деталите за новиот предизвик КРЕАТОН. (претставниците на медиумите ќе можат директно да поставуваат прашања во инбокс на фејсбук профилот на ФИТР и на меил адресата marija.ilic@fitr.mk за времетраењето на прес-конференцијата/12:00)

Тетово - Претседателот на ДПА  Мендух Тачи ќе одржи прес-конференција. (во седиштето на партијата/10:30)  __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан