• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
20  февруари 2020 Скопје - Прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски  и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски. (Медија-центар на Владата / 10:00) Скопје - Јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во организација на премиерот Оливер Спасовски. (Свечена сала на Владата / 14:00) Скопје - Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција ќе презентира нова платформа за транспарентност за прикажување на податоците на јавниот долг. (Медија-центар на Владата / 11:00) Скопје - Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе присуствува на потпишување на Грант-програмата на мали проекти за човекова безбедност.  (х. „Мериот“ / 17:30) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Николче Бабовски и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, ќе извршат увид во градежните активности за реконструкција на регионалниот од Раштак до Бутел. (Наа 100 метри претпоследната станица на автобуската линија 65, на кракот за Бутел; Изјави за медиуми / 11:45) Скопје - Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министрите за здравство, за образование и наука и за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми и Горан Милевски ќе потпишат договори за нови проекти. (х. „Мериот“, конференциска соба /17:30, новинарите да пристигнат во 17:15) - Амбасадата на Јапонија организира прием по повод Националниот ден на Јапонија кој е воедно и роденденот на царот. (х. „Мериот“, сала за прием /18:30) Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, каде што ќе се обрати и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. (амфитеатар на Институтот / 11:00) Скопје - Консултативен состанок за развивање алатка за проценка на ризиците од корупција во државните претпријатија. (х. „Холидеј ин“ / 11:00) Скопје - Отворање на Меѓународната научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците во РСМ“ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (х. „Холидеј ин“ / 17:00) Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција, на која ќе се обрати министерот за образование и наука Арбер Адеми. (Седиште на партијата / 11:00) Скопје - Прес-конференција на Демократскиот сојуз на која лидерот Павле Трајанов ќе ги презентира главните приоритети во изборната програма и принципите за соработка со другите партии. (Седиште на ДС, ул.„Стале Попов“ бр.9  локал 4 /12:00) Скопје - Второ издание на „Speech4Inclusion“ - инспиративен настан за инклузивното образование. (х. „Холидеј ин“ /11:00) Тетово: Импровизирана седница на студентите на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово на тема: „Улогата на семејството во политичката социјализација и кривичните санкции во судскиот систем“. (Правен факултет при Универзитетот во Тетово, сала 109 / 11:00) Скопје - LARGER THAN LIFE - Кампања за убавината на жената по канцер на дојка. (х. „Парк резиденс“ / 20:00) Скопје - Отворање на Alpha Venue Horeca Equipment центар. (ул. „Јадранска магистрала“ 80/ 2 / 20:20, новинарските екипи да пристигнат во 20:00) Скопје - Концерт „Бајка“ со оркестарот на Филхармонијата. (20:00) Скопје - Промоција на Зборникот на трудови „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“. (Институт за македонска литература / 12:00) Скопје - Народно позориште од Приштина ќе ја изведе претставата „Женидба“ од Гогољ во режија на Милан Караџиќ. (МНТ / 20:00) Скопје - Промоција на монографијата „Првиот принцип - цртежот“ од Марија Павловска. (Галерија ОСТЕН /19:00) Скопје - Промоција и трибина за книгата „Што е архитектура?“ (Европска куќа /19:00) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан