• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

30 август 2024

Нови Сад - Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе говорат на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

Прага - Започнува тридневниот Глобален безбедносен форум "Глобсек" (GLOBSEC) за клучните прашања во светот.

Њујорк - Седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

Брисел - Истекува рокот за земјите-членки на ЕУ да предложат кандидати за Европската комисија.

Брисел - Неформален состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на Европската Унија.

Савана - Првото интервју на Камала Харис, кандидатка на Демократите на претседателските избори во САД, за Си-Ен-Ен.

Џонстаун - Митинг на претседателскиот кандидат на Републиканците, Доналд Трамп.

Брисел - Евростат објавува податоци за невработеноста во јули и за инфлацијата во август во еврозоната.

Вашингтон - Се објавуваат податоци за приходите и потрошувачката на домаќинствата, како и за инфлацијата во јули во САД.

Женева - Водечката швајцарска телевизија треба да објави дали домаќин на Евровизија 2025 ќе биде Базел или Женева.

 

Остани поврзан