• среда, 18 декември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

24 мај 2024

Хаг - Меѓународниот суд на правдата одлучува по барањето за наредба за прекин на огнот во Појасот Газа.

Валмиера (Летонија) - Посета на финскиот премиер Питери Орпо по повод почетокот на производството на оклопното воено возило ПАТРИА.

Тбилиси - Во Грузија повторно се одржуваат протести против законот за „странско влијание“.

Тунис - Демонстрации против спорниот декрет за „лажни вести“.

Стреза - Завршување на дводневниот состанок на министрите за финансии на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7).

Берлин - Средба на шефовите на владите на Германија и Португалија, Олаф Шолц и Луис Монтенегро.

Будимпешта - Судење на Италијанка обвинета за напад врз група неонацисти.

Софија - Започнува седницата на Парламентарното собрание на НАТО (до 27 мај), на која ќе биде разгледано барањето на Косово за добивање статус на придружен член во таа организација.

Љубљана - Европскиот економски и социјален комитет (EESC) организира конференција „Продолжување на успешната приказна за проширувањето на ЕУ - придобивки за Западен Балкан пред пристапувањето“, на која е најавено учеството на потпретседателката на ЕК, Дубравка Шуица.

Остани поврзан