• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

10 април 2024

- Прославување на Рамазан Бајрам на крајот на исламскиот свет месец Рамазан

Женева - Објавување на годишниот извештај на Светската трговска организација за состојбата и перспективите на трговијата во светот.

Вашингтон - Јапонскиот премиер Фумио Кишида е во дводневна посета на САД, каде ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден.

Сеул - Парламентарни избори во Јужна Кореја.

Брисел - Дводневна пленарна седница на Европскиот парламент, на чиј дневен ред е гласање за Пактот за азил и миграција.

Брисел - Говор на белгискиот крал Филип пред членовите на Европскиот парламент за белгиското претседателство со ЕУ во првата половина од оваа година.

Брисел - Средба на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Финска Александар Стуб.

Мадрид - Шпанскиот премиер Педро Санчез пред пратениците ќе ја претстави политиката кон израелско-палестинскиот конфликт.

Лисабон - Новата португалска влада ќе ја претстави програмата за работа пред пратениците.

Лондон - Собир за поддршка на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој пет години е во затвор во Велика Британија.

Отава - Францускиот премиер Габриел Атал е во посета на Канада до 13 април.

Делфи - Четиридневниот годишен меѓународен економски форум започнува во Делфи, Грција, каде претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе одржи говор преку видео-врска пред 800 учесници од 70 земји.

Белград - Претседавачот со ОБСЕ Јан Борг во посета на Србија.

Остани поврзан