• вторник, 24 декември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

24 октомври 2024

- Ден на Организацијата на Обединетите нации, основана на 24 октомври 1945 година.

Казан - Средба на претседателот на Русија Владимир Путин и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на самитот на земјите од групата БРИКС.

Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН „Жени, мир и безбедност“.

Стразбур - Објавување на добитниците на наградата Сахаров, највисокото признание на Европската Унија за човекови права.

Виена - Прва седница на австрискиот парламент по историската победа на екстремната десница на изборите.

Рим - Средба на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Берлин - Средба меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Њу Делхи - Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе претстојува во посета на Индија до 27 октомври.

Париз - Меѓународна конференција за поддршка на Либан.

Вашингтон  - Годишен состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светска банка.

Тирана - Во продолжение на посетата на Албанија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе разговара со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, по што ќе отпатува за Скопје, на средби со македонскиот државен врв.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан