• среда, 18 декември 2024
МИА Најави свет

18 ноември 2024

Брисел - Состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. На дневен ред се руската агресија врз Украина, ситуацијата во Грузија по парламентарните избори на 26 октомври, односите ЕУ-САД по изборите во Америка, ситуацијата на Блискиот Исток и на рогот на Африка.

Рио де Жанеиро - Почнува дводневниот самит на Групата 20, која ја сочинуваат 19-те најголеми економии во светот, Европската унија и Африканската унија.

Женева - Прес-конференција на шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, Филип Лазарини.

Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток.

Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Париз - Земјоделските синдикати повикаа на протести низ цела Франција.

Остани поврзан