• среда, 04 февруари 2026
МИА Најави - Свет

27 јануари 2026

-Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот

Њу Делхи - На самитот ЕУ-Индија ќе присуствуваат индискиот премиер Нарендра Моди, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Брисел - Специјална сесија на Европскиот парламент по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот, по повод 81-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Ќе зборуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола, и преживеаната од Холокаустот, Татјана Бучи.

Стразбур - Продолжување на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најавено е обраќање на генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

Париз - Видеоконференција на министрите за финансии на Групата седум најиндустријализирани земји во светот (Г7) за обезбедување ретки метали потребни за висока технологија, поддршка за Украина и за „решавање на глобалните нерамнотежи и создавање нова рамка за меѓународни партнерства“.

Лондон - Објавување на номинациите за Британските филмски награди (БАФТА).

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан