• сабота, 28 декември 2024
МИА Најави - свет

22 октомври 2024

Комарно, Словачка - Средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Словачка и Унгарија, Роберт Фицо и Виктор Орбан, за сузбивање на илегалната миграција.

Казан - Во Русија започнува самитот на земјите од БРИКС за соработка (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати), кој ќе трае до 24 октомври.

Стразбур - Европскиот суд за човекови права донесува одлука за обврската на 107 невладини организации, медиуми и поединци во Русија да се регистрираат како „странски агенти“.

Вашингтон - Средба на американскиот претседател Џозеф Бајден со премиерот на Словенија, Роберт Голоб.

Кувајт - Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи во посета на Кувајт.

Анкара - Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во посета на Турција.

Талин - Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте во посета на Естонија.

Берлин - Средба меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Финска, Александар Стуб.

Берлин - Средба на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и емирот на Катар Шеик Тамим ал Тани.

Вашингтон - Објавување на годишниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за состојбата на светската економија.

Вашингтон - Годишни состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, до 25 октомври.

Женева - Меѓународната конференција на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Остани поврзан