• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

28 мај 2024

Пекинг - Лидерите на Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Тунис во посета на Кина.

Мадрид - Стапуваат во сила одлуките на Шпанија, Ирска и Норвешка за признавање на палестинската држава.

Брисел - Почнува дводневниот „Шумански форум за безбедност“, на кој ќе има учесници од 60 земји партнери, членки на ЕУ, претставници на ЕУ и меѓународни и регионални организации.

Берлин - Заеднички состанок на владите на Германија и Франција под претседателство на Олаф Шолц и Емануел Макрон.

Прага - Состанок на премиерите на Чешка, Холандија, Летонија и Данска за купување муниција за Украина

Тбилиси - Грузискиот парламент гласа за нацрт-законот за „странско влијание“ налик на рускиот, кој предизвика масовни демонстрации.

Калининград - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, се очекува да разговара со руски претставници во таа руска енклава за безбедноста на нуклеарната централа во Запорожје, во окупираниот дел на Украина. 

Остани поврзан