• недела, 01 септември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
28 јануари 2020 Стразбур - Самит на претседателите на парламенти на земјите од Западен Балкан, под покровителство на претседателот на Европарламентот Давид Сасоли. Брисел - Состанок на министрите за европски прашања на ЕУ околу приоритетите на хрватското претседавање со Унијата. Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретне со израелскиот претседател Рувен Ривлин. Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе оствари средба со полскиот премиер. Вашингтон - Средба на американскиот претседател Доналд Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ерусалим - Вонредна седница на израелскиот Парламент на која ќе се расправа за имунитетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Лил - Меѓународен форум за кибер-безбедност. Њујорк - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе ги претстави своите приоритети за 2020 година. Дакар - Посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Сенегал.

Остани поврзан