• понеделник, 02 септември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

2 септември 2024 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот ден од новата учебна година ќе го посети Основното училиште „Стив Наумов“ во општина Гази Баба. (10:00)

Скопје - Холандската амбасадорка Узлем Џанел ќе го посети на Собранието на Република СМ и ќе има средба со претседателот Африм Гаши. (Стар кабинет/14:00)

Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч во работна посета на ССМ.

-Прес - конференција на која ќе се обратат Линч и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Зграда на ССМ, 6-ти кат, 12:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на нови училници на ООУ „Коле Неделковски“. (9:30/Предвидена е изјава за медиумите)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ќе го посети основното училиште „Лирија“ по повод почетокот на новата учебна година. (11:00)

Битола - Прес-конференција на Независниот синдикат за образование и наука. (плоштад „Магнолија“/18:50)

_________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан