• сабота, 21 септември 2024
МИА Најави МКД

13 септември 2024

Софија – Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ќе престојува во посета на Бугарија.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Средба на пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и Карибите со нерезидентната амбасадорка на Република Куба со седиште во Софија, Мариета Гарсија Хордан. (Сала на Уставна комисија/ 13:00)

Подгорица – Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе учествува на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024). (Обраќање на министерот Муртезани во живо на линкот: https://us06web.zoom.us/j/84701355317?pwd=IRl94o41oGEUCYCEkUHRRxuxCrdk2N.1 , Meeting ID: 847 0135 5317   Passcode: emim/ 14:30)

Гостивар - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во посета на општина Гостивар. (средба со градоначалникот Валбон Лимани во простории на Општина Гостивар/ 10:00, средба со невладини здруженија и изјави за медиумите во Центарот за млади и заедница (МКЦ), локација: https://maps.app.goo.gl/TewbTbpNktWfFMqr7?g_st=com.google.maps.preview.copy/ 11:00)

Битола - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Клиничката болница во Битола (11:30, по посетата изјава за медиуми)

Прилеп - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставникот на УНДП во земјава Армен Григорјан и градоначалникот Борче Јовчески ќе присуствуваат на доделување сертификати за комплетирано основно образование и за посетени обуки на повратници во државата, како дел од Проектот на УНДП за јакнење на националните и локалните системи за поддршка и ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан. (Општина Прилеп/10:00)

Скопје – Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе се обрати на настан во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“. (ООУ „Лазо Ангеловски“/ 10:00, по настанот предвидени изјави)

Скопје – Прес-конференција на Коалицијата „Вреди“ (простории на Алтернатива, ТЦ Мавровка/ 11:30)

Скопје – „Инвеститорски ден“ на Берзата – тргување со акции без провизии преку сите членки на Берзата. 

Битола – Прес-конференција на Народен театар – Битола. (Мала сала/ 10:00)

Скопје – Изложба на фотографии од Зденко Петровски насловена „Портрети од темната комора“. (КИЦ, Салон Империјал 2/ 20:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Црно под ноктите“ на Андреј Медиќ Лазаревски. (во кафе-книжарница „Буква“/ 20:30)

Битола – Изложба „Македонија во светот на хералдиката“. (Офицерски дом/ 19:00)

Скопје – „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend). (Стадионот на АРМ во Градски парк)

Скопје – Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“ - Скопје, ја организира првата „Меѓународна ромска поетска вечер – ‘РОМСКА ДУША’“ во општината Шуто Оризари. (во средното училиште „Шаип Јусуф“, Шуто Оризари/ 18:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан