• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

14 октомври 2023 

Скопје – Регионална конференција на тема „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“ во организација на Подгорички Клуб и Универзалната Мировна Федерација. (х. „Хилтон“/ 10:00)

Прилеп - Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе присуствува на народниот собир во село Селце, општина Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври. (село Селце/11:00) 

Струмица - Трета академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. (хотел Еми/13:00) 

Велес – Мрежата за рурален развој на Северна Македонија организира настан за одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15 Октомври. (винарија Сопот/ 10:30)

Демир Капија – Од визија до реалност: „Демир Капија заштитено подрачје“ е настан во врска со  иницијативата за прогласување на Демир Капија за заштитено подрачје. (Градски парк / 14:00)

Скопје – Авторски концерт „Детски авантури“ на композиторката Ана Пандевска. (Музеј на македонската борба/ 12:00)

Скопје – Врвниот светски електронски музичар Метју Џонсон со настап во живо на ПМГ РЕКОРДИНГС ФЕСТИВАЛ 13. (МКЦ/ 21:00)

Скопје – Изложба на фотографии на Кервин Кендел Вилиамсон. (Галерија Рудиќ/ 19:00)

Кичево – Во рамки на настанот „Месец на детски филмови“ Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево организира проекција на детскиот јапонски филм „Мираи“ во режија на Маморо Хосода со превод на македонски јазик. (ЦК „Кочо Рацин“/ 14:00)

Скопје - По повод 3-иот роденден, ЈП „Лајка“ организира „Изложба на вдомени кучиња“. (Градски парк, кај Школка/ 11:00 – 15:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан