• среда, 18 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

29 март 2024

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески со амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. (Стар кабинет/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 11:00)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо. (во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец/14:00)

Скопје – Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе одржи брифинг со новинари. (Клуб на пратеници/ 10:00) 

Скопје – Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе се обрати на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“. (Јуроп Хаус Скопје/ 10:00)

Скопје – Меѓународна научна конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“. (амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/10:30)

Скопје – Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА организира Марш за видливост на трансродовите лица. (пред Владата на РСМ/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија по повод промоција на најновата книга со наслов „Нов договор за економски развој“, чии автори се Бранко Азески, претседател на СКСМ и Дарко Лазаров, проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. (Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4/ 11:55)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ. (СКСМ 5-ти кат /13:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод потпишување на коалициски договор со претставниците на Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, Салих Мурат и Сулејман Баки. (хотел "Холидеј Ин“/14:00)

Битолa/Охрид - Информативен караван на Агенцијата за пошти во Битола и Охрид - „АП поблиску до корисниците на поштенските  услуги“. (Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола и Факултет за туризам и угостителство-Охрид/10:00; Универзитет „Св.Климент Охридски-Битола/13:00)

Прилеп – Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Казуја Оцука ќе ја отвори изложбата „Јапонскиот лебдечки свет – УКИЈО-Е“. (НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп/ 13:00) 

Тетово – Локалниот младински совет на Општина Тетово организира активност со слоганот „НИЕ СМЕ ПРОЛЕТ“. (во паркот на Шарена џамија/ 13:00)

Скопје – „Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова. (Отворена канцеларија „Либерално ќоше“ на ул. „Ленинова“, спроти Локал 45/ 18:00)

Скопје – Средба со новинари по повод концертите со македонската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчевски. (Национална опера и балет, во салата „Империјал“/ 14:00)

Скопје – Во чест на Мирко Попов ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – ПОП КУЛТУРА во рамките на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. (Едукативен културен центар „Лабораториум“/ 19:00)

Скопје – Отворање на изложбен салон на автомобилскиот бренд „Гили“ во Скопје. (во Џевахир Мол Скопје) 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан