• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

8 февруари 2024

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 140-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Јован Митрески ќе одржи средба со американската амбасадорка, Ангела П. Агелер. (Стар кабинет/10:30)

Скопје - Претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. (Сала на Влада/12:30)

Скопје - Министерката за култура во техничката Влада, Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/12:00, линк на македонски/https://youtube.com/live/FOmlq4IC2P4, линк на албански/ https://youtube.com/live/me83um0KE9k)

Берово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски во работна посета на општина Берово, каде ќе ја посети компанијата МАЛЕШ – БРЕЗА. (ttps://www.google.com/maps/place/41%C2%B042'58.2%22N+22%C2%B050'59.2%22E/@41.7161707,22.8472029,571m/data=!3m2!1e3!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.7161667!4d22.8497778?entry=ttu/12:00, изјави за медиумите/12:30)

Скопје - Турската агенција за соработка и координација ТИКА ќе донира компјутери и компјтерска опрема. (Уставен суд/12:00)

Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети компанијата Лапласт - М, Момин Поток. (https://maps.app.goo.gl/adAm8PwE81o4xbhY8/11:00, изјави за медиумите)

Скопје - Прес-конференција на Европски Сојуз за Промена. (Парк „Ибни Пајко“, во близина на Филхармонија/11:00)

Прилеп - Прес-конференција на Независен медицински синдикат при Болница Прилеп. (ЈЗУ Општа Болница Прилеп/11:00)

Скопје - Панел - дискусија „Најголемите проблеми на граѓаните и државата“ во организација на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. (Простории на Солуција, бул. Партизански одреди 63/11:00)

Скопје - Прес-брифинг на Институтот за европска политика (ЕПИ). (Јавна соба/12:00, не се предвидени изјави)

Скопје - Претставување на романот „Се уште можам нешто да сторам“ низ разговор на новинарот Васко Поппетревски со авторката Фросина Пармаковска. (КИЦ, Салон 19.19/19:30)

Скопје - Отворање на изложба на акварели насловена „Градски импресии“ на Елизабета Костова. (КСП Центар ЈАДРО/20:00)

Скопје - Концерт насловен „Заедно“ на оркестарот на Македонската филхармонија. (Македонска филхармонија/20:00)

_____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан