• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД

13 ноември 2023 

Скопје -  Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание на Република Северна Македoнија, сала 5/11.00) 

Скопје - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ќе го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ. (МНР/14.00)

Белград -  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) и на билатерална средба со српскиот колега Братислав Гашиќ.

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, по повод промоција на нови сензори за мерење гликемија, по што ќе следи изјава за медиумите. (Амфитеатар на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести/10:30)

Скопје -  Одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје:

- Владина делегација составена од министрите за локална самоуправа Ристо Пенов и за обарзование и наука Јетон Шаќири и заменик министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе по повод 13 Ноември-Ден на ослободувањето на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел (11.00) , на Алејата на заслужните граѓани во Бутел; (11.30) и на споменикот  „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата на Република Северна Македонија(12.30

-Традиционална манифестација „Го градам мојот град“, во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош. (ЈУ Детски културен центар „Карпош“/ 10.00)

- Дирекцијата за култура и уметност организира Јазична работилница „Скопје, европска културна престолнина“ (Институт за македонски јазик „Крста Мисирков“/11.00) и  интерактивна едукативна работилница „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“ ( „Куршумли Ан“/13.00

- Градска библиотеката „Браќа Миладиновци“ организира промоцијата на книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова (спомен-соба „Т’га за југ“/12.00)

 -  Отворање изложба од конкурсот „Скопје на новата генерација", во организација на Јуроп Хаус Скопје. (простории на Централна Пошта Скопје/18.00

Скопје -  Месечно обраќање на актуелна тема во Стопанската комора на Северна Македонија  „Глобалните геополитички случувања – предизвик за интернационализација на бизнисот и следење на новите трендови во индустријата“. (Стопанска комора на Северна Македонија/11.00-12.30) 

Штип -  Дискусија „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје на младите?“ во организација на ХЕРА и Бирото за развој на образованието (БРО). (простории на Општина Штип/12.00, прес-конференција во 13.30) 

Битола -  Презентација на физибилити студија за видео надзор во градот Битола (Општина Битола / 12:00)

Скопје - Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе учествува на промотивен настан на програмски проекти на секретаријатите при Огранокот на ДУИ во Чаир.(х.Хилтон/17.30)

Скопје -  Прес-конференција на лидерите од албанската опозиција Европски сојуз за промена. (Собрание на РСМ/12.00

Скопје -  Отворање на изложбата „Преобразени предмети: Еволуирачки перспективи" на Јасмина Главинче во која учество ќе земат и повеќе уметници од државава. (КСП Центар - Јадро/18.00

Скопје - Отворање на самостојната изложба на Боре Митовски. (Уметнички Центар АРТ ХАБ/19.00

Скопје - Самостојна изложба на Орце Нинески. (КИЦ - Скопје, салон Империјал/20.00

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан