• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

27 јули 2023 

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 122-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност. (10:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Бриндизи - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Италија.

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, Азир Алиу и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај ке потпишат Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност.  (МИОА, сала за состаноци/13:45)

Љубљана - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во посета на Словенија.

Скопје - Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази ќе ја промовираат поштенската марка „60 години од скопскиот земјотрес“. (Простории на УНДП на ул. „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ бр. 23/10:00)

Дебар - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ ќе ја посети Општина Дебар каде ќе одржи средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации. (Општинска зграда, изјави за медиуми/12:30)

Скопје - Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“, ЈУ. Музеј на град Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Сеизмолошка опсерваторија Скопје и Црвен крст на град Скопје организираат Форум и Показна вежба “ Управување со ризици од земјотрес за заштита на човечкиот фактор и културното наследство - прв дел „Заштита и евакуација на човекот и укажување на прва помош “. (ЈУ. Музеј на град Скопје/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на пожарникарите на Македонија. (Пред Министерство за одбрана/13:00)

Скопје - Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник "Илинден 2-ри Август“. (Дом на култура „Илинден“, во населба Илинден, амфитеатар/20:00) и ликовна изложба на десетина уметници од Општина Илинден (19:30)

Скопје - Промоција на книгата „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ на Даница Ручигај. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, амфитеатар/19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан