7 март 2024
Скопје - Собранието ќе ја одржи 147. седница. (11:00)
Скопје - Претседателот на Собранието Јован Митрески, францукскиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман Марти и претседателот на Секцијата на Собранието на Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата Абдула Салиу ќе се обратат на еднодневната работилница Млад франкофонски парламент, едукативна активност „Имам став!“. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/12:00)
Гостивар - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на „Денот на учителот“ во ОУ „Форина“, во село Форино, Гостивар. (10:00)
Скопје - Регионална конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). (х. „Александар Палас“/ 9:30)
Велес - Прес-конференција на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. (Пред подружница „Бабуна“ Велес во Национални шуми/9:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. (Пред Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. „Орце Николов“ бр.138/12:15)
Прилеп - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Димитар Ковачевски ќе присуствува на трибина во Прилеп со земјоделци, производители на тутун. (Дом на култура „Марко Цепенков“, фоаје/16:00)
Скопје - Промоција на постхумно објавената книга „Македонскиот идентитет и македонското прашање, од античко време до 1912 г.“ од авторите Ванче Стојчев и Александар Стојчев. (Музеј на македонската борба/12:00)
Њујорк - Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од македонската теоретичарка Сузана Милевска. (Галерија MC)
Скопје - Отворање на групната мултимедијална изложба „Жените на светот низ историјата“ во рамки на традиционалната изложба „Жената симбол инспирација“. (Галерија „КО-РА“/19:00)
Скопје - Изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Концерт насловен „Сила“ во изведба на Оркестарот на Филхармонија. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Џез концерт на „Парусион Груп“. (Дом на култура „Билјана Беличанец“/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***