• сабота, 16 ноември 2024
МИА најави МКД

16 ноември 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани, Општина Бутел. (11:30, https://www.google.com/maps/place/Elementary+School+%22Aco+Shopov%22/@42.0624349,21.4520729,1172m/data=!3m2!1e3!4b1!4m6!3m5!1s0x13546abff2160edb:0x8ac74e4aff463ca7!8m2!3d42.0624349!4d21.4520729!16s%2Fg%2F11b71vh_cz?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI0MTExMy4xIKXMDSoASAFQAw%3D%3D

Скопје - Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија ќе ја одржи 12-та конференција насловена Преводот, вештачката интелигенција и странцизмите. (х.„Амбасадор“, ул. Пиринска 38/9:00, изјави пред почетокот на конференцијата)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели. (Пред поликлиниката во Сарај/11:00)

Скопје - Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) ќе одржи настан по повод одбележување на Светскиот ден на дијабетесот во рамки на кој ќе биде промовирана и книгата “Да се храниме и готвиме здраво“ комплетен водич со практични совети и рецепти за здрава исхрана, од м-р по нутриоцинизам науки Везире Старова. (простории на InnoX Центар, плоштад Македонија бр.1/11:30) 

Скопје - Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот под мотото – „Дијабетес и благосостојба“ во организација на Баланс MK – Асоцијација за детски дијабет на Македонија. (Плоштад Македонија/10:45)

Скопје - Конгрес на Независниот академски синдикат (НАкС). (Факултет за драмски уметности/11:00)

Скопје - Започнува 9. Недела на италијанската кујна во светот годинава на тема - „Медитеранската исхрана и рецептите на нашите предци: Здравје и традиција“ со специјална промоција на италијански прехранбени производи и вина во супермаркетите на Тинекс (во Зебра и Тинекс Деликатесен), организирана од Италијанската трговска агенција ИТА.

Скопје - “Фестивал на чај“. (Сити Мол/19:00)

Скопје - Изведба на претставата „Screenagers vol.2“, дело на француско-хрватската кореографка Барбара Матијевиќ и на Џузепе Чико. (МКЦ, сала „25 Мај“/19:00)

Скопје - Изведба на операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини во рамки на „Месец на Пучини“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Премиера на документарниот филм “Љубовната Соба” во режија на Сузана Диневски. (Кинотека на Македонија/20:00)

Гимараеш - Концерт на Октетот Џијан Емин со Симфонискиот оркестар на Гимараеш, Португалија.

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан