• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 

8 септември 2023 

Скопје - По повод одбележувањето на 8 Септември- Денот на независноста на Република Северна Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Хусни Исмаили, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Жаклина Пешевска ќе положи венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. (Алеја на Великаните, Градски гробишта „Бутел“/ 10:00).

Скопје – По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија во организација на Владата, под мотото „ Гласник на слободата“, ќе бидат одржани повеќе свечени и културни настани и активности во целата држава.

- владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски во состав првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски. (Алеја на Великаните на Градските гробишта „Бутел“/ 10:00)

- премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити заедно со директорот на ГОБ „8-ми Септември“ д-р Христијан Костов ќе присуствуваат на презентација на нова опрема и апарати. (во ГОБ „8-ми Септември“/ 10:45)

- тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). (Градски парк во Скопје на просторот во близина на локација „Школка“/ 11:00)

- посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители во која ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година. (Музеј на македонската борба/ 10:00 – 14:00)

- гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Раверл, Дворжак, Пјацола и други. (Музеј на македонската борба/ 12:00)

- изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. (Музеј на македонската борба)

- оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн. (пред платото на Националната опера и балет/ 20:00)

- проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди. (Кинотека на Северна Македонија – „Медена земја“/ 18:00  и „Исцелител“/ 20:00) 

- ќе бидат отворени археолошките локалитети: „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Северна Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам и Уметничката галерија во Тетово, како и музеите и заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Скопје – Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“ организира свеченост по повод доделување на државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот. (Собрание на Република Северна Македонија, Кристална сала/ 14:00)

Скопје – Традиционална средба со собир и полагање на цвеќе на споменикот изграден во знак на сеќавање на загинатите и ранетите македонски борци  од Егејскиот дел на Македонија кои се бореа против фашизмот од 1940 до 1945 -та и во Граѓанската војна во Грција 1946 - 1949-та против монархофашизмот во Грција за независна во организација на ,,Форум за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Скопје“. (Катлановска Бања, општина Петровец/ 10:00)

Скопје -  По повод Денот на независноста, ОО на СДСМ Кисела Вода организира традиционален празничен пикник  (11.00) со обраќање на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. (комплекс Пеленица, манастир Св.Руса, Општина Кисела Вода/12.30

Штип – По повод Денот на независноста на Република Македонија, 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и организирање на шестата средба на децата бегалци, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и општина Штип организираат настан во дворот на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Балканска во Штип.  (10:30)

Скопје – Прес-конференција на портпаролот на Левица по повод измените во Кривичниот законик и Денот на независноста. (пред Собранието на Република Северна Македонија/ 11:00)

Маврово – Велосипедска трка ХалкВелоГрин во организација на Халкбанк АД – Скопје. (Бистра – Леуново – Бистра/ 9:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан