• понеделник, 30 септември 2024
МИА Најави - МКД

11 мај 2024 

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница за објавување на конечност на резултатите за претседателски избори. (ДИК, во живо на Јутјуб каналот на ДИК, https://www.youtube.com/@secmk499/streams/9:00)

Скопје - Планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето во организација на Европското движење. (Пред Делегација на ЕУ/9:00)

Скопје - Државен натпревар по класични јазици за учениците од гиманзиите и средните училишта од Република Севеерна Македонија во организација на Здружението  на класични филолози „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет и Годишното собрание на Здружението на класични филолози „Антика“.  (Филозофски факултет при УКИМ/10:30)

Скопје - Одбележување на Неделата на сестринството во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ). (х.„Холидеј ин“/17:30)

Скопје - Трето издание на The Longest Pitch Marathon во организација на Networker. (х.„Хилтон“)

Скопје - Промоција на сликовницата „Другарко“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/17:00)

Битола - Отворање на изложбата на фанзини „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, во организација на Дума ин сума“ и Младински културен центар - Битола. (Кафе бар „Улаф сте“ крај Драгоро/12:00)

Скопје - Рецитал на македонскиот пијанист Дино Имери на кој ќе бидат изведени дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. (Градски парк, „Школка“/12:00)

Скопје - Базар на „Second hand“ облека, накит, книги и детски играчки. (Јавна соба/11:00-15:00)

Скопје - Изведба на операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамки на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - „Табу република“ на Бобан Русески и „Напуштена иднина“ на Дејан Битровски  во изведба на Скопје танцовиот театар во рамки на јубилејното 20. издание на Танц- Фест Скопје 2024. 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан