• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

8 декември 2023

Скопје – Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Кристална сала на Собранието на Република Северна Македонија/ 12:00)

Скопје - По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“. (10:45)

Скопје - Владата под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование" со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември - Свети Климент Охридски.

-Владината делегација предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во чиј состав се Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, ќе положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. (10:45)

- Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на Свечен настан за одбележување на државниот празник во НУБ „ Свети Климент Охридски“. (11:00)

Скопје - Едукативно-културен центар Лабораториум ќе одржи отворен ден. (Лабораториум, бул. Св. Климент Охридски во просториите на старата печатница на Нова Македонија/12:30)

Скопје – Онлајн настан – Разговори со македонски визуелни уметници – Роберт Јанкулоски во организација на КСП – Центар Јадро. (20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан