• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

4 октомври 2024

Криволак - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер и генералите во Армијата, ќе присуствуваат на методско-показна вежба. (Армиски полигон „Криволак“/10:30, пристигнување на влезот на армискиот полигон „Криволак“/9:45, изјави за медиумите/12:15)

Скопје - Пратениците Реџеп Исмаил и Димитар Апасиев ќе остварат средба со рускиот амбасадор Сергеј Бездникин. (Струшка сала/13:00)

Скопје - Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска ќе одржи средба со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин. (Сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје - Работилница за наставници од основните училишта „Собранието и граѓанското образование“. (Сала Борис Трајковски/10:00)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе го посети Арачиново, каде ќе врши увид на регулацијата на дел од ободниот канал во н.м. Арачиново. (Во близина на O.У. „Скендербег” во Арачиново/10:30, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Министерот за здравство, Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена од назначувањето на функцијата. (Влада на РСМ, Медија центар/10:00)

Скопје - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ќе се обрати на доделување на признанијата на најдобрите просветни работници за учебната 2023-2024 по повод одбележувањето на 5 Октомври - Светскиот ден на учителот во организација на Сојуз на просветните работници на Република Северна Македонија. (ЈУДГ „Детска радост“ нас. Автокоманда/14:00)

Скопје - Директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов ќе присуствува на работилницата на тема „Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност-Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“ во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво. (х.„Мериот“, регистрација на учесниците/9:00, изјави за медиумите/9:30, обраќања/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош ќе одржи брифинг за новинари. (Простории на Локалната самоуправа ул. „Радика“ бр. 9/10:30, изјава за медиумите /11:30)

Скопје - Прес-конференција на в.д директорот на Агенцијата за Филм на РСМ, Даниела Станковска Плачковска. (Простории на институцијата/10:30)

Скопје - Свечено отворање на 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција по повод 65 години од основањето на македонската полонистика во организација на Универзитетот „СВ Кирил и Методиј“ - Филолошки факултет „Блаже Конески“. (Филолошки факултет, сала на ректоратот/10:00)

Скопје - Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Академијата за Европски интеграции од Скопје ќе одржат панел дискусија на тема „Справување со ризиците” - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика. (Правен факултет „Јустинијан Први“, регистрација на учесниците/10:00, обраќања/10.30)

Скопје - Второ издание на настанот за вмрежување на млади претприемачи од Балканскиот регион “Your Network is Your Net Worth” во организација на Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising од Македонија, како дел од проектот “Balkan Entrepreneur Bridge”, во соработка со Униите на млади претприемачи од Црна Гора и Србија. (Трибека Кафе во ТЦ Diamond/15:00)

Скопје - Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“ во организација на Градежен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (Филхармонија/9:00)

Тетово - Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, концерт наменет за најмладата публика во рамки на годишната програма на НУ Музички Ансамбал на Република Северна Македонија-Тетово. (Сцена на Центарот за култура, на албански јазик/16:00, на македонски јазик/17:00)

Скопје - Музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура „Вкусовите на Гази Баба” во организација на Гази Баба. (Плоштад во Автокоманда/19:30)

Скопје - Перформанс на пет актери од регионот под режисерската палка на Филип Петковски, како дел од програмата „Culture Moves Europe". (Хала на Лабораториум/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан