• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

16 јануари 2024

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (сала 6/11:00)        

Давос – Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација. 

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на потпишувањето на договор меѓу УНДП и општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани. (зграда на Општина Шуто Оризари, ул. Хаџи Јован Шишко бб/11:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со фирмата консултант „ГЛОБАЛТЕК“ ќе го потпише договорот за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување. (МЗШВ/10:00)

Скопје - Презентација на јавен повик за техничка помош за развој на добавувачи, иницијатива на ТИРЗ реализирана во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка и поддржана од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (СЕКО). (х. Мериот/12:00, изјави за медиуми пред почеток на настанот)

Скопје - Панел-дискусија за предизвиците со кои се соочуваат толкувачите во транзитни центри за бегалци. (Филолошки факултет/10:00-14:00)

Битола – Работилница за изработка на документација за Генерален урбанистички план на Општина Битола. (Офицерски дом/ 11:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан