МИА Најави МКД
27 јуни 2024
Скопје - Прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика. (РКЕ/ 13:00)
Скопје - Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одрќи 51. сесија. (простории на Народна банка/ 14:00)
Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи вториот јавен состанок за 2024 година на кој ќе биде промовирано „Истражувањето на медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование“. (просториите на Агенцијата, кат 2/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Евентика по повод лансирање на иновативниот проект Бизнис Лидер. (во ресторанот на тениското игралиште на х. „Александар Палас“/ 11:00)
Скопје - Настан на кој ќе биде промовиран финалниот проект „РЕЧНИК на поими од медиумска писменост со ИГРОВНИ АКТИВНОСТИ за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот“. (во Американското катче во зградата на Економскиот факултет, УКИМ/ 12:00)
Скопје - Поставување на камен темелник на првиот моден малопродажен парк кај нас „Fashion Park Triangla” во Општина Гази Баба, место Триангла. („Fashion Park Triangla” на улица „Методија Андонов – Ченто“ /13:00)
Скопје – На 45-то издание на фестивалот Скопско лето, Драмски театар Скопје ќе ја изведе претставата „Фирма“. (Драмски театар Скопје/ 20:00)
Скопје - Отворање на меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во продукција на Факултетот за работи што не се учат - ФРУ во рамките на проектот Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата) поддржан од Европската Унија. (Музеј на Република Северна Македонија/ 20:00)
Охрид - Трето издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL“. (на ул. „Кеј Македонија“, пред х. „Палас“)
Скопје - Промоција на монографија за Заре Лазаревски, творецот на СКИ - Центарот во Маврово. (ресторан „Воденица“/ 20:00)
Скопје - Промоцијата на новата капсулна колекција „РЕфлексии“ на брендот за накит „Капка“ зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска. (Изложбен салон Лаб дизајн маркет, бул. „Св. Климент Охридски“ 68 – Лабораториум/ 18:00)
Скопје - Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски. (КИЦ Скопје, Салон Империјал 1/ 20:00)
Скопје - Отворање на самостојна изложба на слики, цртежи и графики (од колекцијата на ОСТЕН) на Вангел Наумовски. (Галерија ОСТЕН/ 19:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***