МИА Најави МКД
2 април 2023
Верона - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 55-ти меѓународен Саем за вино во Верона, на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ на Северна Македонија, Србија и Албанија.
- Ковачевски ќе има трилатерлана средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама со фокус на иницијативата Отворен Балкан. По средбата е предвидена прес-конференција.
Скопје - Прес-конфренеција на Комората на проценувачи во врска со Предлог Законот за вештачење кој е во собраниска процедура. (простории на Комората на ул. Македонија бр.47/2, Скопје / 14:00)
Скопје – По повод 2 Април – Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот, Здружението „Сина Светулка“ организира промотивен штанд од едукативен карактер под мотото „Јас гледам, јас разбирам“. (Ист Гејт Мол – Скопје, пред супермаркетот „Тинекс“/ 12:00 – 15:00)
Скопје – По повод Денот на бајката ќе биде отворена изложба „Бајката и Бајковидното“. *Галерија „КО-ТА“, голем салон/ 19:00)
Скопје – Шесто издание на меѓународната трка во планинско трчање „Водно - Матка Треилс”. (три трки, старт на Средно Водно, комплекс Даре Бомбол – Црвен крст/ 7:00, 8:00 и 9:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***