• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

26 јуни 2023

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја продолжи 117. седница. (13:00)

Скопје - Делегација на полскиот Парламент предводена од заменик претседателот Ришард Терлецски во посета на македонското Собрание:

- средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. (Сала на Влада/9:10)

- средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. (Сала 6/9:35)

- средба со Фаница Николоска, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска и членовите на Групата (Сала 6/10:10)

 -средба со Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ (Сала 6/11:15)

Свети Николе - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ќе присуствуваат на доделување решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори. (11:00)

Скопје -  Народниот правобранител Насер Зибери ќе го презентира извештајот за состојбите во  полициските станици, затворите ипсихијатриските болници. ( улица „Македонија“ бр 19 зграда на ТД „Макошпед“, четврти кат/10:30)

Скопје - Одбележување на Денот на Управата за финансиска полиција, воедно и јубилеј 20 години од формирање на Управата. ( Клубот на пратеници/ 18.30)

Скопје -  Прес-конференција на Дрин Ахмети, извршен директор на „Thor Industries“, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K.“ и Хано Соравија, основач на „Soravia Group GmbH“. (х. „Мериот“/12:00)

Скопје - Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (амфитеатар на Институтот/10:00)

Тетово - Прес-конференција на Форумот за образовни промени во врска со изборот на нов ректор на Универзитетот во Тетово. ( Илинденска 87/13 - Тетово, спроти Макпетрол/12:00)

Штип - Средба на националното тело на Проектот АРИСЕ – Акција за намалување на нееднаквоста во образованието. (Факултет за образовни науки на УГД во Штип/10:00, изјави за медиуми/09:50)

Струга - Отворање на Летен регионален семинар во организација на Францускиот институт во Скопје. (х. „Дрим“ во Струга/18:30)

Струга - НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе ги претстави деталите од Програмата на претстојното издание на Фестивалот. (Конгресна сала на хотел „Дрим“/11:00)

Скопје - „Креа“ изложба на слики и цртежи и од Блашка Миева. (Продажен ликовен салон, КИЦ/20:00)

Скопје - Промоција на збирка колумни на адвокат Јанаки Митровски. („Баду Бар“, Порта Влае/18:30)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан