• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

17 ноември 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, Сала 10/11:00)

Скопје - Седница на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала 5/11:00)

Скопје - Седница  на Законодавно-правната комисија. (Собрание, Сала 10/12:00)

Скопје - Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски ќе одржи средба со Рене Троказ, специјален претставник за Западен Балкан во Министерство за Европа и надворешни работи на Француската Република. (Собрание, Kанцеларија 161/10:00)

Белград - Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на Меѓународниот саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“: 

-средба на премиерот Ковачевски со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ.

Скопје - Регионален министерски состанок.  (Влада на РСМ/9:30)

- Официјалното отворање на Министерскиот состанок од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. (фото и видео инсерти/9:15)

- Прес-конференција (12:00, пристигнување на медиумите во 11:45)

Приштина - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на Улпиана форумот во Приштина, во рамки на панелот  „Миграција преку ангажманот на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“.

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска и началничката на одделението за интензивна нега и терапија Рената Димитриевска ќе одржат прес-конференција по повод одбележувањето на 17 Ноември, Светскиот ден на предвреме родените бебиња. (Клиника за гинекологија и акушерство, амфитеатар, 3 кат/13:00)

Скопје - Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (https://us06web.zoom.us/j/87952217106?pwd=KPrInG4h5E8QNFKFU150Eyt3Yv7aUm.1/10:30)

Скопје - Трибина „Против недемократски Деловник“ во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. (Институт за социолошки и политичко-правни истражувања/11:00)

Скопје - Занаетчиската комора на Република Северна Македонија организира Форум 2023 на тема „Знаетчиството како важен дел на економијата и неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија“. (х.„Александар Палас“/11:00)  

Скопје - Трибина по повод 17 Ноември: Меѓународниот ден на студентите на тема „Студентите и студентскиот стандард“. (Филозофски факултет, Амфитеатар 4/11:00,изјави за медиумите/10:30)

Скопје - Пратеникот на Движењето БЕСА Фадил Зендели и пратеници од опозициската коалиција ќе одржат прес-конференција. (Собрание на Северна Македонија/12:00)

Скопје - Debates on Europe и Контрапункт Втора „Дебата за Европа“. (Чифте амам, Национална галерија на Северна Македонија/18:30)

Скопје - Изјава за медиумите на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. (Пред Влада/12:30)

Скопје - Изјави за медиуми на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). (Пред Ѓрагански суд/11:30)

Скопје - „Фестивал на чај“ во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол. (Скопје Сити Мол/10:00)

Куманово - „Добри гости“ ‒ серија книжевни гостувања. (НУЦК „Трајко Прокопиев“/19:00)

Скопје - Изложба „Градина“ на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Србија. (Мала станица/19:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција по повод Европската титула на Игор Стефановски - Иџе. (АМС/12:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан