• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави - МКД

6 октомври 2024

Скопје - Прес-конференцина на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод 100 дена нова Влада „100% посветени! За тебе“. (Медија центар на Влада/13:00)

Скопје -  Божествена литургија по повод 25-годишнината од востоличувањето на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. (Соборен храм „Св. Климент Охридски“/9:00)

Битола - Дефиле на лица со телесен инвалидитет „Се движам, значи постојам“. (Широк сокак/10:00)

Скопје - Под мотото „Трчањето ќе те промени“ ќе се одржи 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон. (Пред Собрание/Стартот на маратонот, полумаратон и штафетниот маратон е во 8:00)

Охрид - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се обрати на 33-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ  „Иднина за сите, сега!. (СЦ Билјанини Извори/14:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиште на ДУИ во Чаир/12:00)

Скопје - Втора конференција на Женското собрание на Алијансата за Албанците. (х.„Александар Палас“/13:00) 

Битола - Вокален концерт на „Интерфест“ со уметниците Стефан Неданоски-тенор и Клаудија Рондели-пијано (Офицерски дом / 20:00 ч.)

Скопје - Хуманитарен концерт „Во спомен на љубовта за Данче“ во чест на 10-годишнината од смртта на музичкиот менаџер и продуцент Даниел Милошески – Данче. (Национална опера и балет/20:00)

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан