• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

2 октомври 2023

Скопје - Работна посета на Собранието на делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг. (Сала на Уставна комисија/10:00)

-Прес-конференција на пратеникот Фадил Зендели, претседавач со Управувачката група за соработка за демократски развој со шведскиот Ристаг и Шестин Лундгрен, претседавач на Управувачката група за демократски развој на Парламентот на Кралството  Шведска, како и други пратеници од двете групи. (Прес-центар на Собранието/12:15)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:30) 

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангеловаќе ќе се обратат на првиот академски час на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (9:00/локација https://www.google.com/maps/place/41%C2%B059'22.1%22N+21%C2%B025'26.9%22E/@41.9894722,21.4241389,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.9894722!4d21.4241389?entry=ttu)

Скопје - Заменик претседателот на Владата за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и Дејвид Гир, шеф на мисијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ќе потпишат финансиска спогодба за ИПАРД 3. (По потпишувањето кратки обраќања ќе имаат вицепремиерот Маричиќ, евроамбасадорот Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски/ Европска куќа Скопје/12:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обрати на првиот свечен академски час на Факултетот за безбедност. (Голем амфитеатар на Факултетот за безбедност, Идризово/11:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на канцеларијата за општ развој на УСАИД Дон Кармин ќе имаат воведни обраќања на Панел-дискусија „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“ каде што ќе биде претставена Рамката за медиумска писменост во основното образование. (х. Холидеј ин/10:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на првиот академски час на Универзитетот „Мајка Тереза“. (Настанот ќе се одржи во новиот кампус на УМТ, на ул.1669 бр. 11А - спроти амбасадата на САД)

Штип - Прв академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“. (Мултимедијален центар на УГД (Економски факултет)/11.30/Изјави за медиумите - 11:45)

Битола - Прв академски час на УКЛО-Битола. (Факултет за информациски и комуникациски технологии-ФИКТ, амфитеатар/10:00)

Битола - Ротари клуб Битола, во соработка со Ротари клубот Дјуршхолм од Стокхолм, Шведска, во Клиничката болница Битола на Клиниката за гинекологија и акушерство донира опрема за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката. (Пред Управната зграда на Клиничка болница Битола/11:30)

Скопје - Прес-конференција на Демократското движење. (Пред Министерството за образование и наука/11:30)

Скопје - Почнува Фестивалот „BookStar“. 

-Свеченото отворање на Фестивалот. (Кино Фросина/ 19:30) 

-Иван Шопов и Александар Маџаровски ќе разговараат со Драго Гламузина (Хрватска) и Бранко Росиќ (Србија) „за што да биде гласна регионалната книжевност?“. (Кино „Фросина“/21:00) 

-Доделување на наградите „Драги“ 2023. (Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/14 часот)

Битола - Интерфест-фестивал на класична музика, свечено отворање. (Народен театар/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан