• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

16 мај 2024

Котор - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе присуствува на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“ каде  ќе се обрати на Панелот 1 насловен „Состојбата на терен и идните планови - нов план за раст“. (линк на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=1bleDXGWa6M, линк на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=MUKSuq2IFis/9:30)

Скопје - Втор ден на 13-то издание на Самитот на Македонија2025. (х.„Мериот“/9:00)

Скопје - Официјалното потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ и партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје во рамки на Самитот на Македонија2025. (х.„Мериот“АБ просторија, прв кат/10:30)

Охрид - 10-тата Јубилејна Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото - 2024 насловена „Предизвиците на правото во 21-от век“ во организиција на Институтот IURIDICA PRIMA. (х.„Конгресен центар“/18:00)

Штип - Прес-конференција на Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев “-Штип по повод третиот студентски конгрес на општа медицина- СКОМ 2024. (Простории на Тренинг Центарот на УГД/11:00)

Скопје - Конференција на тема „Презентација на резултатите од анкетата спроведена помеѓу германските инвеститори и компаниите членови на Македонско- Германското стопанско здружение со која се оценува деловната клима во земјата и условите за инвестирање за 2024“ во организација на АХК Северна Македонија и Македонско-Германско стопанско здружение. (р.„Воденица“, М.Т. Гологанов 69/12:00)

Скопје - Фондацијата Конрад Аденауер, Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе одржат панел дискусија и промоција на публикација насловена “Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”. (Правен Факултет „Јустинијан Први”/11:00)

Скопје - Стручно предавање во организација на Винарската визба „Тиквеш“ во рамки на Винската летна школа. (М6 Едукативен центар/14:00)

Скопје - Отворен ден за дијализа во болницата Д.мед Медикал. (СП Планет на 1 кат/10:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - HalkMatinèe во огранизација на Халкбанк, настан посветен на женската финансиска слобода и рамноправност. (Three Kitchen&Bar/16:00)

Скопје - Прес-конференција по повод гостувањето на Софиската опера и балет со опера „Валкира“ од Рихард Вагнер, во рамките на 52. „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет, фојае/11:00)

Скопје - Разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“ во рамки на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Превретена арехологија - Човекот кој игра помеѓу фактите и архитиповите“ на Вилсон Нето. (Музеј на Град Скопје/19:30)

Скопје - Прво издание на „Видик“ - фестивал за литература и општа култура во организација на „Литература.мк“. („Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

Скопје - Изведба на претставата „Свет без жени“ и разговор со авторите Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ на 12-тото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско. (Академска сцена на Факултетот за драмски уметности/20:00)

Скопје - „Искра“ - концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина Роман Симовиќ. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан