• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

3 мај 2023

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на конференција насловена „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. (х.„Хилтон“/11:00, пристигнување на медиумите/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/13:30)

Скопје - Посета на претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД. (Собрание, сала на Влада/9:00)
 
Скопје -   Работилница на тема „Улогата на парламентите во процесот на европска интеграција“. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Стокхолм - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе присуствува на Студиска посета во Стокохолм, Шведска.

Скопје - Конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство. (Клуб на пратеници/10:00, изјави за медиуми околу 11:00)

Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 14-та седница. (Простории на Агенцијата, конференциска сала, 2 кат/14:30, и во живо на YouTube каналот на Агенцијата)

Скопје - Интерактивна дебата „Зборовите како уметност“ во организација на EU House Скопје. (EU House Скопје/13:00, и во живо на Фејсбук каналот на EU HOUSE)

Скопје - Јавна дискусија за предлог текстот за новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година во организација на Агенцијата за млади и спорт. (х.„Александар Палас“/10:30)

Скопје - Национална конференција за ментално здравје напредок и следни чекори во организација на УНИЦЕФ. (х.„Александар Палас“/9:30)

Скопје - Прва сесија на настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонска берза и Загребска берза. (х.„Холидеј ин“/9:30)

Кавадарци - Регионален настан во Општина Кавадарци во организација на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (Општинска сала во Општина Кавадарци/11:00)

Скопје - Осмо издание на Станица: Студентска - целодневен настан за студенти и млади во организација на Младински образовен форум (МОФ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС-УКИМ). (Градежен факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/12:00-17:00, изјави за медиуми/13:00-13:30)

Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија ќе го одбележат Светскиот ден на слободата на медиумите со организирање на крводарителска акција. (Црвен крст, (Даре Џамбаз)/8:00-14:00, изјави за медиуми/11:00)

Тетово - Советот на Општина Тетово ќе го одржи продолжението на 14-тата седница. (Сала на Советот на Општина Тетово/10:00)

Скопје - Отворање на Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон” во организација на Друштвото на писателите на Македонија. (Свечена сала на ДПМ/11:00) 

Скопје - Брифинг за јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга во организација на Скопски Саем. (Кафе бар МОИА Арена-Борис Трајковски/12:30)

Скопје - Прес-конференција по повод 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет, фоаје/11:00) 

Скопје - Разговор со Сања Михајловиќ-Костадиновска, авторка на „(Бес)конечни модели на расказот“ - книга за месец мај.  (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ спомен-собата „Т“га за југ“/19:00)

Скопје - Промоција на романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски. (Матица Ексклузив“/12:00)

Скопје - Отворање изложба на фотографии насловена „Македонија виа Италија“ од Влатко Рафески. (КИЦ, Салон Империјал 1/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Поглед“ на Ивана Јовановиќ Тростман од Дубровник. (ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА“/20:00)
                   

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан