• четврток, 19 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

19 декември 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 6/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 4/12:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/12:10)

Скопје - Презентација на Извештајот на Светска банка Business Ready и на препораките за развивање на приватниот сектор. (Сала Борис Трајковски/10:00)

Скопје - Финален настан на едукативните работилници „Имам став“. (Сала Борис Трајковски/12:00)

Велес - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, швајцарската амбасадорка Вероник Улман, извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев и тим лидерот на проектот “Образование за вработување“, Курт Вутрих ќе ја посетат компанијата Ронтис во Велес. (9:30)

Скопје - Директорката на Управата за заштита на културното наследство и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ќе се обратат на прес-конференција по повод пуштање во употреба на Софтверот за заштитни евиденции и Националниот Регистар на културното наследство. (Управа за заштита на културното наследство/11:00) 

Скопје - Форумот за образовни промени ќе го презентира предлогот за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите на кој свои обраќања ќе имаат заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, пратеничките од клубот на млади пратеници Моника Зајкова и Драгана Бојковска, и претседателот на Студентското собрание на УКИМ, Александар Николовски. (Студентски културен центар (СКЦ), https://g.co/kgs/4XsR4JG/12:00)

Корча - Научна конференција „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија„ во организација на Македонското друштво „Сонце“ од Корча, Албанија, Универзитетот „Фан С. Ноли“ и “Мрежата за промоција на јазичната различност” од Брисел. (Простории на библиотеката „Битолски конгрес“ при Педагошкиот факултет/10.30)

Скопје - 53. сесија на Клубот на истражувачите. (Народна банка/14:00)

Скопје - Центарот за развој на медиуми ве поканува да учествувате на дискусијата „Предлози за ревизија на законските одредби за заштита на плурализмот и разновидноста на аудиовизуелните медиумски услуги“. (х.„Холидеј ин“, сала „Бисер“/10:00) 

Штип - Факултетот за образовни науки органиира почетен настан насловен „Скриеното лице на насилството“, кој се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. (Простории на Факултетот за образовни науки./12:00)

Битола - Прес-конференција на ЈУ Национален парк Пелистер. (Информативен центар/11:00)

Скопје - Поставување на овогодинешната Божиќна пештера на Плоштадот Македонија.

Скопје - Промоција на книгата „Без здив“ на платформата Медуза. (КОТУР кафе и филм/20:00)

Скопје - Претприема на „Арсеник и стара тантела“ крими црна комедија. (НУ Театар комедија, голема сцена/20:00)

Софија - Отворање на изложбата "Урбани трансформации“. (Културно-информативен центар на Македонија/18:00)  

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. (Македонска филхармонија/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан