• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

4 април 2023 

Тетово - Премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе се обратат на настан по повод поставување камен - темелник на проектот Коридор 8. (https://www.google.com/maps/place/41%C2%B058'34.0%22N+20%C2%B057'21.0%22E/@41.9761, зад наплатната рампа Тетово - Гостивар/12:00, линк за следење на македонски, https://www.youtube.com/watch?v=yln2i53CUSw, линк за следење на албански, https://www.youtube.com/watch?v=DnFB62hRbG8, линк за следење на англиски, https://www.youtube.com/watch?v=SKDbv6JSo4U, пристигнување на медиумите на локацијата/11:00, не се предивдени новинарски прашања)

Порторож - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на  Словенија.

Скопје - Армијата на Република Северна Македонија организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден„ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово. (Сниматели и фоторепортери, пристигнување на граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените актиновности пред влезот во касарните од 09:30 до 10:00) 

Скопје - Меѓународна конференција „Дигитална трансформација за граѓаните” во организација на Фондацијата Метаморфозис. (х.„Мериот“/10:00 и онлајн преку платформата ZOOM и Facebook Live)

Скопје - Онлјан консултации за програмирање на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанско општество за периодот 2024-2025 година во организација на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија. (12:00 -13:30) часот.

Скопје - Разговор со Игор Анѓелков авторот на „Двојна експозијција“, книга на месец април. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-собата „Т’га за југ“/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова и на списанието „Кинопис“ бр.61. (Кинотека/12:00)

Скопје - Институтот за национална историја организира промоција на книгата „Канон и цензура во културната продукција 1945-1952“ од проф. д-р Драгица Поповска. (Порта „Македонија“/12:00)

Скопје - Бордот на фестивалот Танц Фест 2023 ќе ја додели наградата МЕНАДА за поддршка на современиот танц на Универзитетот „Кодартс“ од Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од С. Македонија!“ на свеченото отворање на фестивалот Танц Фест 2023 на кое ќе се изведе претставата на Кодартс танцовата компанија „Таленти во движење“. (МНТ/20:00)

Скопје - Кинотека во соработка со Филхармонија ќе го прикаже биографскиот филм за славниот композитор Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел. (20:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан