• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

1 февруари 2023

Штип - Министерот за правда Никола Тупанчески ќе се обрати на стручна расправа за новиот Кривичен законик.( Апелациски суд Штип/11.00, изјава за медиуми/10:45 часот)

Скопје -  Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал ќе потпишат два меморандума за разбирање, за спроведување на заеднички активности во образованието и за проектот „Градиме нови мостови“. (Министерство за образование и наука/11.00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Прес-конференција на Друштвото на писатели на која ќе биде соопштена наградата „Димитар Митрев“. (ДПМ/ 11:00)

Скопје – Изведба на оперската претстава „РИТА“ од Гаетано Доницети. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас. (Музеј на современа уметност/ 20:00)

Скопје – Со претставата „Зрното грашок и принцезата“, актерскиот тандем Изабела Новотни и Владимир Лазовски, ќе го одбележат три деценискиот јубилеј од нивната плодна кариера како првовработени актери во ансамблот на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје. (Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје/ 19:00)

Скопје – На последната вечер од изложбата на дела на реномираниот македонски сликар Владимир Георгиевски ќе настапи Ана Кондратенко, концерт-мајстор и солист во оркестарот на македонската Филхармонија, како и на оркестарот F.A.M.E.‘S Project во Скопје. (Музеј на град Скопје/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан