• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД

14 мај 2024

Охрид - Годишна меѓународна регулаторна конференција 2024 насловена „Премостување на јазот - влез во новата ера“ во организација на Агенцијата за електронски комуникации. (х.„Инекс Олгица“/10:00)

Скопје - „Винска школа“ во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка The Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe (SWG). (х.„Александар Палас“/9:00)

Солун - Втор Балкански конгрес на писатели и литературни преведувачи во организација на Градот Солун, Грчката фондација за култура и Друштвото на писателите од Солун. (18:00)

Скопје - Прес-конференција по повод отворање на првиот Центар за поддршка и советување на мажи во организација на ХЕРА - Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. (Пред Младинскиот центар „Сакам да знам”, ул.„Елисие Поповски Марко“ 2/14:00) 

Скопје - Семинар на д-р Ранко Рајовиќ и д-р Вук Рајовиќ, автори на НТЦ програмата во организација на НТЦ Скопје. (Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“)

Скопје - Прес-конференција по повод отворањето на самостојната изложба на сликарот Мирослав Масин. (Даут пашин амам/11:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон. (Кафе-книжарница „Буква“/19:00)

Софија - Промоција на преводот на романот „Сфинга на гневот“ од македонскиот писател Жарко Кујунџиски. (Галерија на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, ул. „Обориште“ 7/18:30)

Скопје - Кино проекција на играниот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ  по повод 25-та Литературна манифестација „Илинден 2024“. (Дом на култура „Илинден“, кино сала/19:00)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија (IDAHOT), со проекција на последниот филм на Горан Столевски „Домаќинство за почетници“. (Кино Фросина/20:00)

Скопје - Концерт насловен „Танго приказна“ со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на танцова двојка од „Центар 213“. (КИЦ, Салон 19:19/20:30)

___________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан