• недела, 06 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

26 декември 2023 

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 135-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Конференција: „Превенција и заштита од насилството врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. (Даут-пашин амам/17:30 и на Facebook страницата и YouTube каналот на Претседателот)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, ќе се обратат на прес-конференција за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата. (на македонски, https://www.youtube.com/watch?v=zaQ3KExEYpU, на албански https://www.youtube.com/watch?v=tRwQz1SL09Y/11:30)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува и ќе се обрати на показна вежба во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ - безбедност пред сè“, во организација на одделот на СВР Скопје - одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. (Плоштад „Македонија“, на потег кон порта „Македонија“/11:00, изјави за медиумите по вежбата)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе извршат увид во новиот објект на Платежната Агенција. (Булевар 3-та Македонска Бригада, до сегашниот објект на Платежната Агенција/11:00)

Скопје - Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи брифинг со медиумите. (Трибека, Булевар Илинден 104/12:30, изјави за медиумите на крајот од брифингот)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. (РКЕ/11:00)

Скопје - Завршна прес-конференција на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. (Уставен суд/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократското движење. (Простории на Демократско движење, ТЦ Мавровка, Ламела А, кат 2/13:00)

Скопје - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе одржи работна средба со претставници на медиумите. („SARAJEVA Steak house“, Ист Гејт Мол/13:00)

Скопје - Промоција на Монографијата по повод 70 годишниот јубилеј на Тениската Федерација на С. Македонија. (х.„Панорамика“/15:30)

Скопје - „Предновогодишна фузија: промоција на три книги“ во издание на PrivatePrint Studio во рамки на активностите поддржани од фондацијата Принц Клаус од Амстердам. (PrivatePrint Studio/19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Падот на Масада“. (Драмски театар/10:00)

 

______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан