• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

3 ноември 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи средба со потпретседателот на Парламентот на Јужнa Кореја, Чунг Ву-таик. (Собрание, Сала на Влада/14:00)

Скопје - Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Собрание, сала 6/12:00)

Приштина - Пратениците од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија Марија Георгиевска, Олга Лозановска и Берат Ајдари ќе учествуваат на парламентарна конференција на тема „Иднината на транспортот“.

Битола - Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа низ градот. (ул. „Шералти“, во близина на Авто-комлекс Пржо/12:00)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе се обрати на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“, кој го имплементираат Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Меѓународната агенција за миграција (ИОМ), Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) и Економска комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ). (х.„Хилтон“/10:00, изјави за медиумите во 11:00)

Охрид - Продолжува „Првата конференција за патна инфраструктура: Искуства, предизивици и перспективи“ во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. 

- Обраќања на Соња Черепналковска од Институт за стандардизација, универзитетскиот професор Елена Думова Јовановска и Кристинка Чулак, претседател на Комората на овластени инженери и архитекти. (х. „Инекс Олгица“/10:00-11:30)

Скопје - Брифинг со претставниците на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија  (АмЧм) по повод претстојната конференција за здравство која ја организира АмЧам Северна Македонија. (Простории на АмЧам, ул. „Максим Горки“ 11/1-1/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години од почетокот на мандатот. (Општина Центар, барака 6, сала на Совет/10:30)

Маврово - CNVP Северна Македонија ќе одржи настан по повод „Официјалното потпишување на договорите со 13 грантисти“, како дел од проектот - Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи, финансиски поддржан од ПОНТ. (MIAs Favorite Hotel, Маврово/11:00)

Скопје - Граѓанскиот ресурсен центар ќе одржи дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите“. (Граѓански ресурсен центар, бул. „Климент Охридски“ бр. 21/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за филм. (Public Room, Центар за дизајн и иновации/11:00)

Скопје - Петти пчеларски саем во организација на Пчеларската федерација на Македонија. (Плоштад Македонија/9:00-18:00)

Анталија - Матицата на иселениците од Македонија на фестивал за фолклор и култури во Анталија, Турција.

Скопје - Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија организираат гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови“. (Кино „Милениум“/20:00)

_________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан