• недела, 13 октомври 2024
МИА Најави МКД

13 октомври 2024

Женева - Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе учествува на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ).

Скопје – Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена Влада. (Медија центар на Влада / 11:00)

Прилеп - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ќе присуствува и ќе се обрати на народен собир во с. Селце, во општина Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври. (с. Селце / 12:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (седиште на ДУИ во Чаир / 12:00).

Скопје – Изложба на живи статиуи „Која си? А која сакаш да бидеш?“, проект на Весна Николовска, дел од Театроск, (РЕДДООР, Илинденска 38 a / 17:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Остани поврзан