• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

15 јуни 2023 

Струга - Почнува третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. (х. Дрим / форумот во живо може да се следи на линкот: https://www.youtube.com/@PrespaForumDialogue/streams )

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)

Струга - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде домаќин на панел сесија „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски” во рамки на Преспа Форумот за дијалог. (х.„Дрим“/10:30, изјава за медиуми не е предвидена од министерот)

Струга -  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе има работен состанок и брифинг со раководството на ОВР Струга во рамки на „Отворен Кабинет”. (Инсерти од пристигнувањето пред објектот на ОВР Струга/12:30, изјава за медиуми14:00)

Струга - Шефот на делегацијата на Европската унија амбасадорот Дејвид Гир, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и Слободан Трендафилов, вршител на должност директор на Сојузот на синдикати ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Јуроп хаус во Струга. (Парк на поезијата до локацијата на Јуроп хаус - Струга/11:45) 

Скопје - Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, заменик министерот за здравство Маја Манојлева, заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу и градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска ќе присуствуваат на промоцијата на постигнатите резултати од кампањата по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“ наменета за ученици од основни и средни училишта. (Спомен куќа Мајка Тереза/11:00)

Скопје - 47. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе биде презентиран трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска. (Народна банка/14:00)

Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 19-та седница. (АВМУ, конференциска сала, 2 кат/14:00, во живо на YouTube каналот на Агенцијата)

Скопје - Промоција на резултатите од еколошката акција во државата за чистење отпад, „Генералка Викенд 2023“.  (Во холот на новите канцеларии на Пивара/10:00, изјави за медиуми/10:35)

Куманово - Oтварање на La Plaza Mall во Куманово. (11:00) 

Прилеп - Промоција на монографијата „Чашуле - Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“. (Центар за култура „Марко Цепенков“, фојае/11:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова Бошнакоска. (Паркот на книгата на Матица Ексклузив/13:00) 

Скопjе - Отворање на изложбата „ФеминаV.S.Фемининологија“ проект во соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб. (Национална галерија Мала станица/20:00)

Охрид - Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2023. (Сала на Општина Охрид)

Скопје - „Животот е убав“ концерт на Македонската филхармонија. (Градски парк/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан