• среда, 18 декември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

16 јуни 2023 

 

Струга - Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форум за дијалог 2023. (9:30)

Охрид - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид. (Бензинска станица Макпетрол - Подмоље/13:30)

Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски ќе започнат со доделување на решенијата за поддршка на земјоделците при набавка на трактор (паркинг кај СН Сообраќаен центар Битола/12:00)

Кавадарци - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на одбележување на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци. (Ваташа/10:00)

Ресен - 19-та Регионална ПЕН-конференција во Отешево, Преспа во организација на Македонскиот ПЕН-центар. 

Скопје - Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе го претстави победничкиот тим „NeuroFEEIT” кој победи на натпревар на светското студентско финале за процесирање сигнали и одбележување 75 години од постоење на Одделот за процесирање сигнали на IEEE на ФЕИТ. (ИНОФЕИТ/12:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 88-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/83268413008?pwd=Z2NVc1NzNzNTZHFQaXVjT3ZVWGZYdz09/10:00)

Скопје - Мултимедијален интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец - катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-соба „Т’га за југ“/19:00)

 

______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан